Непријатен инцидент се случил пред Народното собрание на Србија, каде што актерката и членка на Српската напредна партија, Лидија Вукиќевиќ, била цел на напад додека се обидувала да помине низ насобраните граѓани.
Во моментот кога се пробивала низ толпата, непозната жена ја полеала со јогурт директно по косата. Сцената предизвикала големо внимание, а на социјалните мрежи се појави и видеоснимка на која се гледа како се случува инцидентот.
Засега не се познати причините за ваквиот чин, ниту дали непосредно пред настанот имало вербална расправија меѓу актерката и некој од присутните.
