Фото: Принтскрин
Иран изврши напади врз Кувајт, а медиумите јавуваат дека на мета биле американските бази.
Нова ескалација на Блискиот Исток. Во Кувајт се слушаат експлозии, а војската соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во моментов одбиваат напади со непријателски беспилотни летала.
Од Генералштабот на кувајтската војска информираа дека експлозиите што се слушаат се последица на дејствувањето на противвоздушната одбрана при пресретнувањето на нападите.
