Граѓаните на Пробиштип се простуваат од д-р Мијалче Андоновски (1955–2026), долгогодишен лекар по општа медицина, кој со својата професионалност, хуманост и посветеност оставил значаен белег во локалната заедница.
Во текот на својата кариера, д-р Андоновски се грижел за здравјето на бројни пациенти, а бил познат по несебичната помош и подготвеноста да им излезе во пресрет на луѓето. Неговата активност не била ограничена само на здравството. Тој соработувал и со повеќе спортски клубови и спортисти, придонесувајќи за грижата за нивното здравје.
Неговото заминување претставува голема загуба за семејството, колегите и граѓаните на Пробиштип, кои ќе го паметат како посветен лекар и хуман човек.
Во чест на неговиот живот и дело, семејството упатува апел наместо купување цвеќе и венци, средствата да бидат донирани за хуманитарни цели. За таа намена, во капелата и на погребот ќе биде поставена кутија за донации на Црвениот крст. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на граѓани на кои им е потребна поддршка.
Погребот ќе се одржи утре, 18 ноември, во 14 часот, на градските гробишта во Пробиштип. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 12 до 14 часот.
