Кристијан Корабоски, обвинет за претепување на неговата девојка во Охрид, доби 30-дневен притвор.
На 27 ноември треба да почне судењето против 31-годишниот маж, против кој има обвинение за три кривични дела.
Корабоски е обвинет за кривичните дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
