Фото: Принтскрин
Сериозна железничка несреќа се случи во Прага, каде што два воза се судрија на надвозникот на улицата Зајфертова, во близина на главната железничка станица.
На местото на несреќата веднаш пристигнале сите итни служби. Според првичните информации, во судирот има повеќе повредени лица, а засега нема дополнителни детали за нивната здравствена состојба и околностите под кои дошло до несреќата.
