Фото: Принтскрин
Малолетник кој со остар предмет налик на нож нападнал и им се заканувал на граѓани пред зградата на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) во Белград е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на плоштадот „Никола Пашиќ“, во близина на зградата во која заседавал Советот на РЕМ.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го совладала малолетникот. Сепак, за време на интервенцијата, еден полициски службеник се здобил со полесна повреда на десната рака.
