Фото: Принтскрин
Марија Димовска ја направи горда Македонија откако освои бронзен медал на Европското првенство (ЕП) во кикбокс, кое се одржа во Скопје.
Македонската натпреварувачка беше блиску и до место во финале и борба за златен медал, но спорните одлуки на судиите влијаеја да заврши на третата позиција.
„Дојде крајот на моето прво сениорско натпреварување- Европско Првенство.
После победата над Португалија во 1/4 финалето, бев оштетена во полуфиналето од судиите и со 200 напори не ја променија одлуката за да ми ја вратат победата.. јас сум секако пресреќна и горда на себе од мојот огромен успех и напредок во целокупната спремност.
Го враќаме третото место домаа!
Не застанваме овде, допрва ќе се искачуваме на сениорскиот врв, сеуште сме гладни за злато, мотивирани и дисциплинирани.
Фала ви на сите за огромната поддршка, фала до мојата најмила фамилија, а посебно до тато, фала до цела македонска репрезентација заедно со селекторот и главниот тренер- вашата поддршка е пресудна за добрите резултати.
Фала му и на Бога за силата и храброста што ми ја дава и знам дека никогаш не сум сама во рингот“, објави Марија.
