Вистинска вознемиреност се случила на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Израел, откако двегодишно дете незабележано стигнало до системот за транспорт на багаж и завршило во просторот наменет за сортирање на куферите.
Инцидентот се случил во четвртокот, во моментите кога семејството се подготвувало да се качи на лет за Ларнака, Кипар, пренесуваат израелските медиуми.
Откако забележале дека детето го нема, родителите веднаш побарале помош и ја алармирале аеродромската полиција. Надлежните започнале итна потрага низ аеродромскиот комплекс.
По неколку минути неизвесност, детето било пронајдено на подвижната лента во делот каде што се обработува и распоредува багажот пред неговото испраќање кон авионите.
Настанот предизвикал вознемиреност, особено поради фактот што станува збор за двегодишно дете кое се нашло во простор наменет за аеродромскиот багаж.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
