Она што требаше да биде обична фотосесија во Истанбул за малку ќе се претвореше во вистинска драма. Група млади луѓе позирале покрај морскиот брег, во обид да направат фотографии со препознатливата кула во позадина.
Но, мирниот момент наеднаш бил прекинат кога огромен бран со силен налет се урнал врз кејот и целосно ја поплавил локацијата. Изненадени од ненадејниот наплив на вода, младите веднаш почнале да бегаат на сите страни за да се спасат од бранот.
Целата случка била забележана со камера, а снимката го доловува моментот кога опуштеното фотографирање за неколку секунди се претворило во вистински хаос.
Веста ја пренесува Tv7_kz.
