Вознемирувачко видео од внатрешноста на стан во Бруклин го забележува застрашувачкиот момент кога во средата дел од станбена зграда почнал да се урива.
На снимката се гледаат две мали деца во дневната просторија. Деветгодишното момче во еден момент нагло почнува да вика и панично да трча подалеку од камерата. Во исто време, на вратата се појавува нивната мајка, додека постарото дете веќе ја напушта просторијата. Само неколку секунди подоцна, ѕидовите во дневниот простор почнуваат да се уриваат.
Според сведоштвото на Велез, неговата сопруга и двете деца биле извлечени на безбедно. Мајката и деветгодишното момче биле пренесени во болница, додека двегодишното дете поминало без повреди.
Видео: CBS New York.
