Фото: Принтскрин
Вандалски инцидент е регистриран во Вилнус, главниот град на Литванија, каде што двајца мажи од црковен двор отстраниле статуа на Исус Христос, по што таа завршила искршена на улицата.
Снимките од надзорните камери покажуваат како еден од мажите ја отстранува позлатената фигура од дрвениот крст и ја изнесува надвор од црковниот двор.
Потоа позира со статуата, додека неговиот придружник го снима. Во еден момент скулптурата паѓа на тротоарот и се крши на повеќе делови, по што двајцата мажи го напуштаат местото.
