Фото: X/Magyar Péter (Ne féljetek)
Унгарските истражители пронајдоа и запленија готовина во вредност од околу 17,6 милиони евра, дел од неа закопана во шуми, а дел скриена во земјоделски објекти, магацини и тајни сефови. Парите се откриени во рамките на истрага против Миклош Сештак, поранешен министер во владата на Виктор Орбан.
Претресите биле спроведени на 12 и 13 ноември во Будимпешта и во три унгарски области. Според соопштението на Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот, истражителите пронашле 5,07 милијарди форинти, 2,65 милиони евра и 1,25 милиони американски долари. Вкупната вредност на запленетата готовина е проценета на околу 17,6 милиони евра.
Премиерот Петер Маѓар ја искористи најновата заплена за да упати остри критики кон поранешната владејачка партија Фидес и нејзините сојузници.
