Фото: Принтскрин
Тажна вест го погоди македонскиот фудбал, откако беше објавено дека починал поранешниот македонски репрезентативец, Агрон Мемеди.
Мемеди починал на 46-годишна возраст, а информацијата ја објави клубот каде што работеше, односно Шкендија.
„Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на Агрон Мемеди, член на стручниот штаб и поранешен фудбалер на нашиот клуб.
Денес нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство – најпрво како фудбалер, а потоа и како член на стручниот штаб“, соопшти тимот.

