Фото: Принтскрин
Нов скандал ја потресе психијатриската клиника „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир, откако сведок тврди дека на снимките од насилството врз починатиот пациент Кристијан Јосип Периш препознал медицински техничар кој претходно бил пријавен за физички напад врз друг пациент во истата установа.
Според информациите на хрватскиот портал „Нет.хр“, инцидентот се случил во декември минатата година, кога пациент кој бил врзан за кревет наводно бил удиран и давен од медицински техничар.
Сведокот, преку својот адвокат Иван Врдолјак, тврди дека нападот траел неколку минути, а техничарот му се заканувал на пациентот да не зборува за случувањата.
