Фото: Принтскрин
Велибор Поповиќ, познат како Поп, менаџер на српски естрадни уметници, ја призна вината за нападот врз музичкиот продуцент и сопственик на телевизијата „Хајп“, Саша Мирковиќ.
Нападот се случи на 10 мај 2025 година пред хотелот „Шератон“ во центарот на Загреб. Поповиќ пристигнал со автомобил, по што дошло до физичка пресметка со Мирковиќ.
Според обвинението, тој го удрил одзади, по што Мирковиќ паднал на земја, а нападот продолжил и додека лежел.
