Фото: Принтскрин
Нови вознемирувачки снимки од уривањето на станбена зграда во њујоршкиот кварт Бруклин ја покажуваат драмата низ која поминале две мали деца во моментите на несреќата.
На видеото од безбедносна камера се гледа како браќата си играат во својата соба, кога постарото дете забележува дека нешто се случува и панично трча кон мајка си.
Помалото момче не успеало навреме да реагира, а дел од ѕидот во собата се урнал.
