Општина Центар ја зголеми еднократната финансиска помош за новороденче од 7.000 на 10.000 денари, информира градоначалникот Горан Герасимовски.
Според објавените информации, годинава досега 243 семејства ја искористиле оваа мерка и добиле по 10.000 денари за новороденче.
Од Општината посочуваат дека со зголемувањето на финансиската поддршка продолжуваат со мерките насочени кон подобрување на условите за семејствата и поддршка на најмладите жители.
