Фото: Принтскрин
Поранешен висок руски воен функционер упати досега едни од најдиректните критики кон Владимир Путин поради војната во Украина, при што оцени дека руското раководство ја потценило ситуацијата и дека последиците од инвазијата стануваат сè потешки за земјата.
Пензионираниот генерал-полковник Леонид Ивашов, кој во разговор во живо со рускиот блогер Павел Иванов му порача на Путин дека ја загубил војната и дека не ги предвидел последиците од нејзиното започнување.
„Изгубивте, ништо не предвидовте. Немавте доволно разум да сфатите дека оваа војна нема да биде едноставна операција во која само ќе влезете, ќе погодите неколку цели и ќе прогласите победа“, кажа Ивашов.
