Утрово околу 9 часот била регистрирана експлозија во близина на музејот „Мимара“ во Загреб, по што на терен излегле полициски екипи и возила на Итната медицинска помош.
Сведок кој во тој момент се возел со трамвај по улицата Савска раскажува дека забележал голем број полициски службеници и возило на Итната помош во околината.
„Се возев по Савска и забележав дека нешто се случува во близина на Мимара. Патниците во трамвајот разговараа дека слушнале експлозија, но јас лично не ја слушнав. Забележав само многу полиција и возило на Итната помош“, изјавил сведокот.
Од загрепската полиција потврдиле дека во близина на местото на настанот е пронајдено тело.
Засега нема дополнителни официјални информации за околностите под кои се случила експлозијата, ниту за идентитетот на починатото лице.
