Фото: Принтскрин
Познатиот инфлуенсер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, наводно бил приведен денеска околу шест часот, иако засега нема потврда од полицијата за такво нешто.
„Богдан – Бака е приведен денеска околу 6 часот. Не знаеме каде е, ниту како е. Имаме слика од маскирани лица кои влегле во станот и го земале. Засега нема ништо да објавиме, уште чекаме информации“, објавија од неговиот тим.

