Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово на автопатот Ниш – Белград, во правец кон Белград, кога товарен камион од засега непознати причини излетал од коловозот и ја пробил заштитната ограда.
Според првичните информации од местото на несреќата, во инцидентот се повредени две лица, а ударот бил толку силен што кабината на камионот била целосно оштетена. Возачот останал заробен во смрсканиот дел од возилото и не можел самостојно да излезе.
Несреќата се случила во 5:31 часот, на делницата од автопатот Ниш – Белград, на околу два километри од аеродромот, во непосредна близина на објект на компанијата „Würth“.
На местото на настанот веднаш биле испратени две екипи на Итната медицинска помош, кои им укажале помош на повредените.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите, ниту за точните причини поради кои камионот излетал од патот.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата на надлежните служби и увидот на местото на несреќата пренесува telegraf.rs.
Веста и фотографиите ги пренесува Telegraf.rs.



