Фото: Принтскрин
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски кажа дека делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага на македонски јазик.
Мицкоски посочи дека ставот на Владата е македонскиот јазик да остане заеднички јазик во правосудниот испит.
Сепак, планот е да се овозможи делот од испитот поврзан со додипломските студии на студентите да се полага на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија овие студии ги има и на албански, турски и англиски јазик.
