Фото: Принтскрин
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на цените на нафтените деривати. Во однос на претходно утврдените цени од 2 ноември, горивата поевтинуваат во просек за 7,51 процент.
Најголемо намалување има кај бензините. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, па од следната пресметка нивните цени ќе изнесуваат 86, односно 88 денари. Пониска цена ќе има и дизелот, кој се намалува за 5,5 денари и ќе се продава за 94,5 денари по литар.
Поевтинувањето ги опфаќа и останатите нафтени деривати. Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде поевтино за 6,5 денари, со нова цена од 103,5 денари за литар, додека цената на мазутот се намалува за 6,26 денари по килограм и ќе изнесува 49,31 денар.
