Фото: Принтскрин
Хакерски групи наводно украле податоци од руската државна агенција за статистика „Росстат“, кои покажуваат дека во војната во Украина загинале над 450.000 Руси.
Групата „Сајлент Кроу“ објавила проценка од 450.100 загинати, додека Белоруските кибер-партизани изнеле пониска бројка од 393.881 лице. Разликата произлегува од различната методологија на пресметување.
Русија официјално не ги објавува своите воени загуби од септември 2022 година.
