Фото: Принтскрин
Дејан В. (55), возачот на автобусот на српската компанија „Ниш експрес“, кој во неделата доживеа тешка сообраќајна несреќа кај Загреб, за време на сослушувањето изнел своја верзија за причините за трагедијата во која загинаа две лица, а 33 беа повредени.
„Бев одморен и наспан, а потоа со колегата се сменивме на одморалиштето. Одеднаш, за време на возењето, нагло ми падна шеќерот. Инаку, имам здравствени проблеми со шеќерот во крвта“, изјавил возачот.
Тој дополнително рекол дека повеќе никогаш нема да седне зад воланот.
По сослушувањето, надлежното обвинителство побарало да му биде одреден притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.
