Необична глетка во близина на Старата скопска чаршија привлече внимание на социјалните мрежи. Станува збор за локација во централното градско подрачје, на околу 50 метри од Чаршијата, каде што може да се забележат објекти со несекојдневна архитектонска поставеност.
Видеоснимка споделена во Фејсбук-групата „Скопје Скопска“ ја прикажува необичната градба, на која објектите изгледаат како да се надоврзуваат еден врз друг. Но, покрај архитектонскиот изглед, внимание привлекува и просторот во непосредна близина, каде што се гледа голема ископана површина исполнета со разновиден отпад.
Според информациите објавени во групата, локацијата се наоѓа во близина на угостителскиот објект „Галерија 7“. Посетителите на овој дел од градот, покрај можноста да пробаат лахмаџун, можат да забележат и глетка која отвора прашања за изгледот и одржувањето на јавниот простор.
Видеото предизвика интерес кај корисниците на социјалните мрежи, а необичната комбинација од градби и натрупан отпад повторно го отвора прашањето за урбаниот изглед на овој дел од Скопје.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
