Фото: Принтскрин
Полска е потресена по вооружениот напад во центарот на Краков, во кој животот го загубија шест лица, а уште 15 беа повредени.
Полскиот министер за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш, го окарактеризирал нападот како терористички чин насочен кон жителите и туристите во градот.
Според информациите објавени од полските власти, осомничениот е 24-годишен полски државјанин, кој пукал кон случајни минувачи на главниот плоштад во Краков.
Министерот за внатрешни работи, Марчин Кјервински, соопштил дека напаѓачот имал многу радикални ставови и бил фасциниран од екстремно десничарски идеологии.
