Фото: Принтскрин
Најмалку две лица загинаа, а десет се повредени во масовна пукотница што денеска се случи во центарот на полскиот град Краков.
Според информациите на полските медиуми, инцидентот се случил нешто по 15 часот на главниот градски плоштад. Напаѓачот, наводно, пукал кон случајни минувачи од автомобил во движење, додека се движел од улицата Славковска кон плоштадот.
На местото на настанот веднаш пристигнале голем број полициски и медицински екипи, а била спроведена и голема спасувачка акција.
