Фото: Принтскрин
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски кажа дека Владата има јасен став за уставните измени и тој останува непроменет.
Мицкоски изрази надеж дека дијалогот со Бугарија конечно ќе донесе решение и ќе се отвори патот за почеток на преговори со Европската унија (ЕУ).
„Се надевам дека дијалогот ќе вроди со плод и ќе може да почнеме со процесот на преговори со ЕУ“, кажа Мицкоски.
