Фото: instgram/emmaalr
Француската инфлуенсерка Ема Мари Лоран (24) трагично го загубила животот за време на одмор во Никарагва, откако возилото во кое се наоѓала завршило во река.
Несреќата се случила во ноќта меѓу 8 и 9 октомври, но деталите за драматичните моменти дури сега ги открила нејзината пријателка која успеала да преживее.
Поради обилните врнежи, нивото на водата било зголемено. Кога се обиделе да поминат, одеднаш надојден бран го зафатил возилото и за само неколку секунди водата стигнала до прозорците.
Возачот и неговиот брат, кој седел на совозачкото место, успеале веднаш да излезат бидејќи нивните прозорци биле отворени. Меѓутоа, четирите жени на задното седиште останале заробени во возилото.
За Ема Мари Лоран и уште две девојки немало спас. Покрај француската инфлуенсерка, животот го загубиле и 20-годишната швајцарска туристка Ноа Лина Л. и 19-годишната државјанка на Никарагва, Карен Нахоми Лопес М.
