Фото: Принтскрин
Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ повторно ѝ се обрати на јавноста преку социјалните мрежи, а во своето обраќање упати низа критики кон Студентската листа, која ја обвини дека со политиката предизвикува економска несигурност и заминување на странски инвеститори од Србија.
Вучиќ посебно ги спомена компаниите „Теклас“, „Дрекслмајер“ и „Јазаки“, тврдејќи дека нивните одлуки ќе доведат до губење на голем број работни места.
Поранешниот српски претседател тврди дека „Теклас“, за кој рече дека ја укинува третата смена, што, според неговите зборови, ќе значи околу 700 работници помалку. За „Дрекслмајер“ тврдеше дека ја напушта Србија, со што во Зрењанин би останале без работа околу 1.700 луѓе.
„На власт дојдовте со дивеење, со малтретирање луѓе, надвор од законите. Иако предупредував, ниту еден од криминалците не е уапсен, зашто полицијата немала време, а има време да ги прегледува контејнерите“, вели Вучиќ.
