Фото: МВР
Дваесет и седумгодишен скопјанец заврши во полициска станица откако предизвикал инцидент во автобус во скопската населба Драчево, каде физички нападнал неколку патници и возачот, а потоа се пресметал и со полициските службеници.
„На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје по претходна пријава дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
