Драматични моменти се случиле во полскиот град Познањ, каде што камион-цистерна се нашол во опасна ситуација откако останал заглавен на железнички премин, токму во моментот кога кон него се движел воз.
Настанот се случил на 26 октомври. Триесет и едногодишниот возач влегол на преминот, но поради големиот сообраќаен метеж не успеал навреме да ја расчисти пругата. Во меѓувреме, се вклучиле звучните и светлосните предупредувања, а железничките рампи почнале да се спуштаат.
Во момент кога опасноста од судир станувала сè поголема, возачот успеал да го помести тешкото возило и во последните секунди да го напушти преминот.
Така била избегната потенцијално трагична несреќа, а ситуацијата завршила без директен судир со возот.
