Фото: Принтскрин
Александар Вучиќ во интервју за „Информер“ најави дека Српската напредна странка (СНС) ќе продолжи со политичката борба по поразот на парламентарните избори во Србија.
По изборниот пораз, Вучиќ порача дека неговата партија ќе продолжи да се бори и дека ќе покаже како функционира опозицијата.
„Ќе ги победам и од домашен, и од ваков или таков притвор. Тоа се подразбира. Да ме сместат каде сакаат, да ме стават во мртовечки ковчег, ќе ги победам и од таму“, кажа Вучиќ за „Информер“.
