Фото: Принтскрин
Русија наводно останала без еден од своите најсовремени борбени авиони, откако ловецот Су-57 целосно изгорел на воениот аеродром Ахтубинск.
Инцидентот се случил на 29 октомври, при стартување на моторите на авионот. Наводно дошло до технички проблем, по што леталото се запалило и целосно изгорело.
Како доказ за тврдењата биле објавени сателитски снимки на кои, според истражувачите, се забележуваат траги од пожар на местото каде што бил паркиран авионот.
Су-57 е повеќенаменски ловец од петтата генерација, развиен од руската компанија „Сухој“. Наменет е за воздушни борби, но и за напади врз копнени и поморски цели.
