Фото: Принтскрин
Најмалку четири лица се повредени кога автомобил влета во група луѓе во Нојштат ам Рибенберге, во близина на Хановер.
„Билд“ објави дека полицијата отворила оган кон возилото во обид да го запре, но возачот избегал.
Околностите на инцидентот сè уште не се познати и полицијата отвори истрага за да го расчисти случајот.
