Српскиот интернет-феномен Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, привлече внимание откако неговото име се најде меѓу потенцијалните кандидати за идниот премиер на Србија во понуди за обложување.
Информацијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што се отвори прашањето дали станува збор за реална можност за негово вклучување во политиката или, пак, за необична понуда од обложувалниците.
Засега нема официјални информации дека Илиќ најавил кандидатура за премиерската функција. Исто така, не е независно потврдено ниту обложувањето во кое се споменува неговото име, па останува нејасно што стои зад оваа понуда.
Веста ја пренесуваVesti.365

