За пример за чесност и одговорност е 18-годишно момче од Делчево, кое откако пронашло лични документи и значителна сума пари, одлучило да ги предаде во полиција, наместо да ги задржи за себе.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, младиот делчевец на 24 октомври, околу 14 часот, во полициската станица во Делчево ги предал пронајдените предмети и парите.
Станува збор за патна исправа, лична карта и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра, кои ги пронашол на булеварот „Македонија“ во градот. Документите му припаѓале на негов сограѓанин.
Наместо да го игнорира пронајденото или да се обиде да го задржи, 18-годишникот постапил совесно и го однел сè во полиција.
Неговиот потег е потсетник дека чесноста и човечноста немаат возраст, а ваквите постапки заслужуваат почит и признание.
Веста ја пренесува Слободен печат.
