Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска е распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива.
„Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива.
Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани.
Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
