Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи (МВР), Панче Тошковски во интервју за „Сител“ откри дека Ива Михајлова нелегално ја напуштила Македонија.
Тошковски најави дека во текот на денот ќе биде распишана потерница по Ива Михајлова, која е обвинета во сообраќајка со смртни последици.
„Според информациите кои ги имам, меѓународна потерница ќе биде распишана денес. Извршени се проверки при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територија на Бугарија“, кажа Тошковски.
