Фото: Принтскрин
Поранешниот главен командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, тврди дека Украина ги стабилизирала линиите на фронтот и значително ја ограничила способноста на руската војска да напредува.
Сирски, исто така, испрати предупредување до европските земји, повикувајќи ги навреме да се подготват за можноста од поширок конфликт.
Во интервју за Би-Би-Си, Сирски изјави дека големите загуби што, според неговите тврдења, ѝ биле нанесени на руската војска придонеле за застојот на фронтот. Тој оцени дека Украина успеала да ја намали способноста на руските сили за нови напредувања.
Сирски тврди дека вкупните руски загуби се шестпати поголеми од украинските, а дека со споредување само на загинатите односот достигнува и до 11 спрема еден.
Повеќе за тоа прочитајте на „Би-Би-Си“.
