Фото: Принтскрин
Воз излета утрово од пруга во Хрватска, при што 11 вагони паднале во провалија, но за среќа нема повредени лица, иако е предизвикана голема материјална штета.
Несреќата се случила во 9.25 часот кога возот се движел кон Риека, а деталите ги објави Хрватската железница.
Според првичните информации, возот излетал од шини откако откажале сопирачките.
Видеото може да се погледне ТУКА.
