Фото: МВР
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од понеделник, 12 октомври, „Безбеден град“ ќе почне да функционира на подрачје на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
По успешните тестови, камерите на системот ќе почнат да функционираат и да ги снимаат прекршоците кои ги прават возачите.
МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
