Фото: Принтскрин
Необична и мистериозна појава ги изненади жителите во Турција, откако еден поток одеднаш доби интензивно црвена боја. Глетката изгледа невообичаено, а причината за наглата промена на бојата на водата засега не е позната, поради што случајот привлече внимание и на локалните власти.
Станува збор за потокот Дегирмендере, во градот Ризе, на брегот на Црното Море. Водата која вообичаено има природна боја одеднаш се претворила во црвена, создавајќи необична глетка која отвори низа прашања за тоа што се случило.
Локалните власти реагирале на појавата и започнале да ја истражуваат причината за необичната промена.
