Фото: Facebook/Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонската теквондистка Милјана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир „Албанија Г1 Опен“, кој се одржа во Тирана.
Рељиќ до бронзен медал стигна со две победи против Леонарда Андриќ (2-1) и Лена Торес (2-1).
Нашата натпреварувачка во полуфиналето беше поразена од Хатиџе Пинар Јигитали со 0-2, но и покрај тоа освои бронзен медал, како и 3,60 поени за светската и олимписка ранг-листа.
