Драматичен момент во Гиза, Египет, за малку можел да заврши трагично, но брзата реакција на еден млад човек спречила тешки последици.
Според достапните информации, детето паднало од балкон на вториот кат од една зграда. Во клучниот момент, при падот налетало на јажето за сушење алишта, кое накратко го забавило неговото движење.
Младиот Египќанец веднаш истрчал кон местото и успеал да го фати детето пред тоа да падне на земјата. Благодарение на неговата исклучително брза реакција, ситуацијата завршила без сериозна повреда.
Веста ја пренесува Trtbalkanmk.
