Необична сцена од еден дуќан стана хит на социјалните мрежи, откако камерите го забележале моментот во кој сопственикот се соочува со човек осомничен за кражба.
Според информациите кои кружат во јавноста, осомничениот претходно одзел предмети од дуќанот, по што полицијата интервенирала и го привела. Додека траело приведувањето, сопственикот му се приближил на мажот и му удрил шамар.
Целиот настан бил снимен, а видеото за кратко време почнало масовно да се споделува на социјалните мрежи. Снимката предизвика различни реакции кај корисниците, кои во коментарите го споделуваат своето мислење за случувањето.
Веста ја пренесува Podzemje.mk
