Фото: Facebook/Кристина Ампева
Голем број реакции во јавноста по предлогот на Стопанската комора а промени во Законот за празниците, а со свој став се јави и претседателката на „Гласен Текстилец“; Кристина Ампева.
„Кога веќе Стопанската комора реши да не споредува со Европа и да објаснува дека имаме многу празници, ајде тогаш да се споредиме со Европа до крај. Не само таму каде што им одговара.
Во Македонија во 2026 година има 11 неработни празници што важат за сите граѓани.
Оние фамозни големи бројки на празници што денес се споменуваат во јавноста не значат дека еден работник има толку многу слободни денови. Туку се ставени и празници што важат за различни верски и етнички заедници. Кои во приватниот сектор не се ни даваат. Најголем процент. А не се ни плаќаат.
