Фото: Принтскрин
Возачите од вечерва ќе плаќаат пониски цени за гориво. Регулаторната комисија донесе нова одлука со која се намалуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати.
Новите цени стапуваат на сила од 6 октомври во 00:01 часот, а најголемо намалување е предвидено кај дизелот и екстра лесното масло.
Според одлуката, новите максимални цени по литар ќе бидат:
Еуросупер БС-95 – 98,50 денари
Еуросупер БС-98 – 100,50 денари
Еуродизел БС – 97 денари
Екстра лесно масло за домаќинство – 108,50 денари
Кај бензините намалувањето изнесува 1,50 денар за литар, додека дизелот поевтинува за 3 денари.
Новата одлука предвидува и цена на мазутот М-1 НС од 49,597 денари за килограм.
Од РКЕ објаснуваат дека при утврдувањето на цените се земени предвид промените на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи. Во пресметката се применети и актуелните даночни параметри, меѓу кои намалениот ДДВ за дизелот и пониската акциза од 4 денари по литар за бензините и дизелот.
Важно е што утврдените износи претставуваат највисоки дозволени малопродажни цени. Тоа значи дека бензинските станици можат да ги продаваат горивата и по пониски цени од оние што ги утврди Регулаторната комисија.
Намалувањето во просек изнесува 1,85 отсто во однос на претходната одлука.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
