Драматичен момент се случи во Монтереј, Мексико, за време на известување во живо за телевизијата „Гамависјон“.
Новинарката Алма де ла Роса Флорес и нејзиниот снимател известуваа од терен за последиците од невремето и свлечиштата на авенијата Морoнес Прието, кога автомобил ненадејно излетал од коловозот и директно удрил во екипата.
Според досегашните информации, возачот ја изгубил контролата над возилото поради мокриот и лизгав коловоз. Камерата го забележала моментот на ударот, по што директниот пренос бил прекинат.
За среќа, новинарката и снимателот не се здобиле со повреди опасни по живот. Нивната состојба била оценета како стабилна.
Возачот бил приведен, а надлежните продолжуваат да ги утврдуваат сите околности под кои дошло до несреќата.
Веста ја пренесува Serbian.times
